Шефот на НАТО ја повика Кина да престане да ја поддржува руската инвазија

Шефот на НАТО ја повика Кина да престане да ја поддржува руската инвазија

пред 4 месеци

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја повика Кина да престане да ја поддржува руската војна во Украина и изјави дека помошта на Пекинг е значаен фактор за продолжување на војната.

„Кина стана одлучувачки поддржувач на руската војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Осло.

„Кина е таа што овозможува производство на голем дел од оружјето што го користи Русија“, рече тој.

Столтенберг го предупреди Пекинг дека континуираната ескалација на војната во Украина може негативно да влијае на нејзините интереси и углед.

„Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува илегалната војна на Русија“, рече тој.

Кина претходно ги опиша сличните изјави на НАТО како злонамерни и пристрасни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули изјави дека не сака Кина, која има безгранично партнерство со Русија, да дејствува како посредник, но дека се надева оти Пекинг ќе изврши поголем притисок врз Москва да ја прекине војната.

Текстот Шефот на НАТО ја повика Кина да престане да ја поддржува руската инвазија е превземен од МАКФАКС.