Шкотската премиерка Никола Старџен се залага за одржување нов референдум за независност следната година, објави „Тајмс“.
Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува дека гласањето ќе се одржи во најраниот период од мандатот на новиот шкотски парламент, кој започнува следната година, пренесува „Ројтерс“.
„Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна“, рече таа за ИТВ бордер.
На референдумот во 2014 година 55% од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 доведоа до посилна поддршка на независноста во Шкотска, покажуваат најновите анкети.
Изборите за шкотскиот парламент се одржуваат во мај, и се очекува дека СНП ќе забележи добар резултат.