Јужнокорејскиот парламент донесе резолуција со која се бара укинување на воената состојба

Јужнокорејскиот парламент донесе резолуција со која се бара укинување на воената состојба

пред 1 месец

На пленарната седница на јужнокорејскиот парламент денеска е усвоена Резолуција со која се бара укинување на воената состојба, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Резолуцијата со која се бара укинување на воената состојба во таа земја е донесена со 190 гласа „за“, од 190 присутни пратеници.

Претседателот на Националното собрание Ву Вон-сик рече дека, според резолуцијата, јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол мора веднаш да ја прекине воената состојба.

Текстот Јужнокорејскиот парламент донесе резолуција со која се бара укинување на воената состојба е превземен од МАКФАКС.