18 лица се повредени при гаснење на пожар по напад со украински дрон, соопшти Русија

18 лица се повредени при гаснење на пожар по напад со украински дрон, соопшти Русија

пред 5 месеци

Најмалку 18 лица се повредени при гаснење на пожар во индустриски магацин во Ростовската област, што се случи по напад на украински беспилотни летала ноќта меѓу 17 и 18 август.

Пет лица се во тешка состојба и чекаат да бидат префрлени со хеликоптер во итна хоспитализација, додека 13 пациенти добиле итна помош и се во стабилна состојба, соопшти управата на Пролетарската област, а пренесува РИА Новости.

Пожарот настанал по напад на украински беспилотни летала во ноќта помеѓу 17 и 18, а остатоците од соборените дронови паднале на простор со индустриски магацини, каде што се запалило дизел горивото.

Во реонот на Пролетарскиот кварт е воведена вонредна состојба, а гаснењето на пожарот се уште е во тек.

Текстот 18 лица се повредени при гаснење на пожар по напад со украински дрон, соопшти Русија е превземен од МАКФАКС.