Шпанската полиција уапси 121 предофил, меѓу приведените и жени

79-годишен маж од Сплит сексуално ја вознемирувал својата малолетна внука: детето шест години минувало низ пекол

пред 9 месеци

По завршувањето на истрагата, Вишото јавно обвинителство во Сплит пред Општинскиот суд во Сплит поднесе обвинителен акт против 79-годишен хрватски државјанин.

79-годишен маж е обвинет за низа кривични дела извршени над неговата малолетна внука.

Сè се одвивало во период од шест години во куќа во сплитско-далматинската општина, пишува „Индекс.хр“.

Мажот се товари за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило петнаесет години, тешко кривично дело против полова слобода и развратни дејства.

Во обвинителниот акт се наведува дека горенаведените кривични дела пријавениот ги извршил од неутврден ден во мај 2012 година до 28.6.2015 година, а потоа од 29.6.2015 година до 6.5.2018 година.

Текстот 79-годишен маж од Сплит сексуално ја вознемирувал својата малолетна внука: детето шест години минувало низ пекол е превземен од МАКФАКС.