Во Крагуевац ќе се произведуваат електрични возила, потпишан договор од 190 милиони евра

пред 3 години

„Фиат“ ќе произведува електричен автомобил во Крагуевац, а производството се очекува да започне во 2024 година.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Договорот со корпорацијата „Стелантис“ предвидува инвестиција вредна 190 милиони евра, при што Србија ќе инвестира свои 48 милиони, истакна српскиот претседател, Александар Вучиќ по средбата со претставниците на „Стелантис“.

„Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац. Има преоден период до 2023 година, а од почетокот на 2024 година ќе започнеме со производство на еден модел на електричен автомобил“, рече Вучиќ.