Талибанските лидери нема да бидат во сенка, тие ќе се покажат пред светот, порача нивен претставник

пред 3 години

Талибанските лидери нема да бидат во сенка и ќе се покажат пред светот, изјави денеска официјален претставник на тоа исламистичко движење.

„Светот ќе ги види сите наши лидери полека и постепено, нема да има никаква тајност“, изјавил за Ројтерс талибански функционер, кој сакал да остане анонимен.

Тој навел дека на членовите на движењето им било наредено да не ја слават неодамнешната окупација на целата територија на Авганистан и нагласил дека цивилите треба да го предадат оружјето и муницијата.

Во изминатите 20 години, откако Талибанците беа соборени од власт, нивните водачи во голема мера живееја во тајност, анализираат светските медиуми.