Инстаграм повторно има проблеми, а корисници од различни делови од светот пријавуваат проблеми со испраќањето и примањето директни пораки. Исти проблеми имаат и корисниците на Фејсбук месинџер. Според корисниците, се појавува необичен проблем при кој пораките исчезнуваат штом корисниците ги испратат.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Двете платформи се соочуваат со проблеми повеќе од 12 часа. Проблем пријави и DownDetector, сајт кој ја следи состојбата на веб сајтовите и пријавува проблеми при функционирањето. Освен проблеми со инбоксот, двете платформи функционираат нормално.
Засега не е позната причината за тоа, ниту колку време е потребно за решавање на проблемите со пораките.
Инстаграм и претходно имаше проблеми во функционирањето, а поголеми пријави од страна на корисниците беа забележани кон крајот на јуни.