(Видео) Момче падна од балкон на концертот на Дрејк

(Видео) Момче падна од балкон на концертот на Дрејк

пред 2 години

Раперот Дрејк бил принуден да го прекине концертот во театарот Аполо во њујоршкиот Харлем во неделата, откако еден од неговите обожаватели паднал од балкон на приземје.

dobivaj vesti na viber

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како момче на кое прво му паѓа мобилниот, потоа се фрла од балконот.

Инцидентот се случил по 90. минута од концертот, кога на Дрејк на сцената му се придружиле 21 Savage. Поради несреќата концертот накратко бил прекинат, а откако еден од членовите на екипажот му кажал на Дрејк што се случило, тој и се обратил на публиката.

„Мораме само да се увериме дека човекот е добро“, рече Дрејк, а потоа светлата се запалиле и Дрејк дошол на помош до повреденото момче.

Паузата траела 15 минути, а момчето кое се фрлило било во добра здравствена состојба исто и луѓе врз кои паднал.