Доџа Кет го покри телото со 30.000 сваровски кристали за модната недела во Париз

Доџа Кет го покри телото со 30.000 сваровски кристали за модната недела во Париз

пред 2 години





Пејачката Доџа Кет на црвениот тепих на Модната недела во Париз се појави во креација на која имаше 30 илјади рачно поставени Сваровски кристали. Таа беше облечена во црвен свилен корсет и рачно плетено здолниште од лакирани дрвени монистри, дополнувајќи го изгледот со високи црвени чизми.

dobivaj vesti na viber

За изгледот на Доџа Кет, нејзината шминкерка Пет Мекграт потрошила 4 часа и 58 минути бидејќи рачно ги поставувала кристалите со својот тим на кожата на Доџа.

„Задоволство ми е да работам со прекрасната Доџа Кет и неверојатниот Даниел Роусбери на изгледот „Пеколот на Доџа“ за колекцијата висока мода на Скиапарели FW23. Возвишеното трпение на Доџа во текот на 4 часа и 58 минути потребни за изгледот, кој беше покриен со повеќе од 30.000 рачно нанесени сваровски кристали“, напиша Мекграт.