Надал поразен во второто коло на Австралија опен од 65. играч на АТП листата

Надал поразен во второто коло на Австралија опен од 65. играч на АТП листата

пред 2 години





Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на Австралија опен во второто коло беше поразен од Мекензи Мекдоналд од Америка кој се наоѓа на 65-то место на АТП-листата.

Надал во вториот сет почна да се жали на проблеми со колкот и потоа побара и медицинска помош.

За Надал ова е негова најрана елиминација од гренд слем турнирите од 2016 година, кога изгуби во првото коло на Австралија опен. Шпанецот призна дека лани победил на Ролан Гарос додека играл без чувство на левото стапало, па морал да зема силни инјекции против болка.





Share
Scroll to Top