Благовец во Аеродром: редица деца чекаа да им ги дупнат ушите за обетки

Благовец во Аеродром: редица деца чекаа да им ги дупнат ушите за обетки

пред 1 година





Редица долга од родители кои со своите деца и бебиња стрпливо чекаа да влезат во продавницата со накит во ТЦ Бисер во населбата Аеродром е сликата која денес го привлече вниманието. Денес е Благовец и според народните верувања, денес е денот кога им се дупнуваат ушите за обетки, најчесто на бебињата, но и воопшто на децата. Во редицата за обетки имаше и момчиња и девојчиња, а традиција живее и денес.

Се верува дека денес на празникот Благовец не се чувствува болка и раната не боли, па затоа денес се дупнуваат ушите за обетки. Според денешната слика традицијата продолжува, иако и преку цела година не само децата туку и родителите доаѓаат за дупнување уши.

Кога сме кај обетките, повеќе обетки кои се по целото уво отсекогаш бил тренд.

А. Георгиев

 





Share
Scroll to Top