Легендарниот италијански голман Џиџи Буфон го одигра 1.100. натпревар во кариерата како професионален фудбалер. Тој настапи на натпреварот на Јувентус со Интер во натпревар од Купот на Италија. Ова беше негов 679-ти настап за Јувентус.
„1.100 пати, а како да е првпат. Сега, уште еднаш, до крај!“, напиша Буфон на „Твитер“.
Освен во Јувентус, каде што игра од 2001 година со една сезона пауза, Буфон одигра 220 натпревари за Парма, 176 за репрезентацијата на Италија и 25 за Пари-Сен Жермен. Од професионалното деби во Парма во 1995 година, тој освои 26 клупски титули, од кои 10 во Серија А и беше светски шампион со Италија во 2006.