(Видео) Бела Хадид маршираше во знак на поддршка за Палестина

(Видео) Бела Хадид маршираше во знак на поддршка за Палестина

пред 4 години

Топ-моделот Бела Хадид, која има палестинско потекло, беше меѓу стотиците луѓе кои викендов се собраа во Њујорк и маршираа против насилството во Палестина. Таа на протестот носеше традиционална облека и шамија, а го вееше и палестинското знаме.

„Начинот на кој се чувствува моето срце, да се ​​биде близу до толку убави, паметни, почитувани, драги, љубезни и дарежливи Палестинци на едно место, носи чувство на целосност ! Ние сме ретка раса“, напиша Бела и објави слики и видеа на „Инстаграм“.

Таа деновиве постојано пишува за израелско-палестинскиот конфликт и вели дека срцето ѝ се крши на 100 делови кога ги гледа снимките на насилство.