Македонскиот тим во играње на „Кантер страјк“, денеска го освои златниот медал на Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација.
Тимот составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го освоија првото место откако ја победија репрезентацијата на Романија, со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.
Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции. Македонија претходно ја победи Украина освојувајќи две од три мапи и со тоа се пласира во финалето на првенството.