На иницијатива на Драган Илиевски – Вршац, таткото на Влатко Илиевски, промовирана е уште една досега необјавена песна на починатиот пејач, „Со тебе најдов среќа“. Вршац е познат градски лик и сопственик на кафеаната „Кај Вршац“ која со години е свратилиште на многу спортисти и јавни личности. Тој важи и за човек кој отсекогаш бил најголемата поддршка во кариерата на неговиот син Влатко.
Песната ја направи Кристијан Габроски и таа е најава за албумот со необјавени песни на Влатко, кој ќе биде промовиран наскоро.
Претходно, во соработка со семејството на Влатко, беше промовирана и „Песна за нас“, божикна песна што Илиевски ја испеа со хорот на „Златно славејче“.
За потсетување, Влатко Илиевски почина летото пред две години, кога беше пронајден мртов во својот автомобил во населбата Аеродром.