Жена во Еквадор ја прогласиле за мртва, а таа се разбудила во ковчегот додека семејството го подготвувало погребот. 74 годишната Бела Монтоја од Еквадор ја прогласиле за мртва во петокот, откако претходно била примена во болница поради срцев удар.
Неколку часа откако семејството го отворило ковчегот сфатило дека жената сè уште дише.
„Полека го обработувам тоа што се случи. Сега сакам само да се подобри здравјето на мајка ми. Сакам да е жива и со мене”, рече син ѝ Гилберт Белберан.
Жената сè уште е на одделението за интензивна нега и е под медицински надзор, пишува „Ел Универзо“.
„Мајка ми е на кислород и срцето ѝ е стабилно. Докторот ѝ ја штипна раката, а таа му одговори. „и велат дека тоа е добро и почна да реагира на работите“, рече Гилберт.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) June 12, 2023
Лекарот од болницата Мартин Иказа во петокот го предал телото на семејството. Од болницата тогаш мислеле дека била почината. „Ни дадоа дури и потврда за смртта“, рече Гилберт, кој објасни дека морал да собира донации за да го организира погребот.
Жената била во ковчегот од 14 до 18 и 30 часот, кога семејството го отворило ковчегот за да го подготви телото за бдение. Нејзиниот син со семејството сфатиле дека жената сè уште дише. Видеото е објавено на социјалните мрежи, а на него се гледа како жената ја движи устата ѝ се обидува да здивне.
„Мама почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата и да дише“, рече Гилберт.
Локалните медиуми пренесоа дека настанот бил шок за заедницата и дека случајот треба да се истражи и санкционира бидејќи старицата можела да биде жива закопана. Официјално објаснување сè уште нема, но ниту од болницата ниту од Министерството за здравство се произјаснија за случајот.