Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов ја побара за жена својата девојка Моника Ристовска додека беа на концерт на „Колдплеј“ во Полска. Тој објави видео како клекнува на колено додека ѝ пее еден од познатите хитови на бендот, со порака „Душо, создадени сме еден за друг“.
„Ова е најдоброто запросување“, му коментираа на Инстаграм.
За потсетување, Костадинов кој неколку години игра за репрезентацијата, е фудбалер на „Пјаст Гливице“ од Варшава.