(Видео) Ѓоковиќ прослави титула во кафана и ја пееше „Миљацка“

(Видео) Ѓоковиќ прослави титула во кафана и ја пееше „Миљацка“

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон освојувајќи ја 21. Грен слем титула, па се врати во Србија да прослави пред градското собрание, а потоа и во кругот на семејството и најблиските пријатели.

dobivaj vesti na viber

За време на свечениот пречек на кој се собраа десетици илјади навивачи да го поздрават шампионот, во емотивно обраќање од балконот, Ѓоковиќ истакна колку му значи поддршката, најавувајќи нови кампањи за трофеи.

По спектаклот на балконот, Новак прославата ја продолжи во белградски ресторан со своето избрано друштво, сопругата Јелена, братот Ѓорѓе и неговата девојка, а атмосферата ја надополнија пејачот Саша Ковачевиќ и пријателот на Новак и музички продуцент Дамир Хандановиќ.

Хандановиќ во еден момент го отпеа големиот хит на Тома Здравковиќ „За Љиљана“, а Новак воодушевено ги крена рацете и пееше заедно со него. Тенискиот шампион го земе микрофонот и ја отпее „Миљачка“.