Неготинчанката Анастастија Божиновска ја освои титулата втора придружничка на изборот за Мис на Евровизија 2022 кој вчеравечер се одржа во Анталија, Турција.
Анастасија има 18 години и учествуваше на натпреварот за убавина во конкуренција со 30 девојки учеснички од исто толку држави од Европа и Азија.
Победничката на овој натпревар беше девојка од Бугарија, а титулата прва придружничка ја освои Мис Казахстан.
Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17 ти пат. Таа на финалето се претстави во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа прилика.