(Галерија) Модата на црвениот килим на Манаки: Од елегантни фустани до влечки

пред 3 години

Вчеравечер во Битола, на отворено се одржа 42. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот почна со настапот на Каролина Гочева, која придружувана од Никола Мицевски на пијано изведе неколку песни од филмови. На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

Оваа година љубителите на уметноста имаа прилика да прошетаат на црвениот килим во Битола и да ги покажат своите модни креации. На црвениот тепих имаше сешто, од гламур и елеганција , до комбинации со влечи, цокулии, патики па и по некој кич фустан.

Годинава добитници на специјалната камера 300 за особен придонес во филмската уметност се: Андреј Кончаловски, режисер, сценарист и продуцент и Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика. Фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави филмската магија  и досега на сцената на Фестивалот застанале големи уметници на филмот. На Кристијан Бергер, му беше доделена наградата „Златна камера 300“ за животен опус.

Фото: Фејсбук страна на Филмски фестивал „Браќа Манаки“