Германците обучија кучиња да откријат заразени од коронавирус

Германците обучија кучиња да откријат заразени од коронавирус

пред 4 години

Германската ветеринарна клиника во Хановер обучи кучиња за да го откријат коронавирусот во човечката плунка. Нивната успешност е многу висока и изнесува 94 отсто од случаите.

Германските медиуми пренесоа дека била спроведена студија, при што кучињата душкале примероци од пациенти позитивни на вирусот Ковид 19 и заклучиле дека може да разликуваат заразени од здрави луѓе, како и асимптоматски и лица со симптоми.

Штефан Вајл, премиер на Долна Саксонија, изјави „Импресиран сум од студијава“ и повика на изводливоста на овие проверки во секојдневниот живот.