Експерти го открија најдоброто време од денот за објавување видеа на социјалните мрежи

Експерти го открија најдоброто време од денот за објавување видеа на социјалните мрежи

пред 2 години

Анализите покажуваат дека одредени периоди од денот и неделата се најдобри за објавување видеа на социјалната мрежа Тик Ток за да се подобри нивната посета.

dobivaj vesti na viber

Ако веќе сте страствен тиктокер или сакате да станете популарен, еве како да го подобрите вашиот ангажман.

Маркетинг Хаб анализираше повеќе од 100.000 објави и откри кои делови од денот и во текот на неделата се најдобри за објавување видеа, со цел да се зголеми видливоста и да се постигне поголем ангажман на корисниците со објавените содржини.

Еве ги нивните резултати: Понеделник: 6, 10 часот и 22 часот, Вторник: 2, 4 и 9 часот, Среда: 19, 20 и 23 часот, Четврток: 9, 12 и 19 часот, Петок: 17, 13 и 15 часот, Сабота: 11 часот, 19 часот и 20 часот и Недела: 7, 8 и 16 часот.