Како најдобро да го искористите карираниот дезен оваа сезона

Како најдобро да го искористите карираниот дезен оваа сезона

пред 3 години

Класична карирана кошула во комбинација со широки бели или беж панталони станува совршен изглед за викендот. Овој класичен дезен со имагинативни квадрати, кои ги среќаваме во различни верзии, е главниот лик на есента.

Карираниот принт е елегантен, класичен, безвременски и флексибилен, бидејќи постои во многу варијанти. Всушност, големите модни куќи, како Вивиен Вествуд, Александар Меквин, Ралф Лорен, Бурбери, Мајкл Корс и Клои, со години го користат во своите колекции.

Доброто кај карираниот принт е што можете да го носите во секаков стил, бидејќи сигурно ќе најдете парче или комбинација што ќе ви одговара.

Денес, карираната облека не треба да недостасува во ниту еден плакар, а доказ за тоа се модните блогерки кои упорно ја носат секоја сезона. Може да се комбинира со монохроматски парчиња, како и со други карирани дезени, во различни големини и бои, но и со сосема различни принтови, како животински, за оние кои сакаат похрабар изглед.

Во продолжение погледнете неколку елегантни модни комбинации, засновани на кариран дезен за да најдете инспирација за вашите есенски стајлинзи.

Карирана јакна е добро решение за вашите кратки есенски патувања.

Носете карирани панталони со елек и кошула за есенска прошетка низ град.

Комбинирајте кардиган со бициклистички шорцеви и мокасини за модерен изглед.

Карираниот комбинезон сега се носи со бела ретро кошула и мокасини.

Земјените тонови секогаш го подигнуваат карираниот дезен на повисоко ниво, а јакната со оваа плета на бои во комбинација со кафени парчиња е совршена опција.

За елегантен и по малку секси изглед, можете да комбинирате карирани панталони со црн џемпер и кожени чизми со високи потпетици.

Класична карирана кошула во комбинација со широки бели или беж панталони е совршен лежерен изглед.

Оваа есен класичниот кариран тренч мантил може да го замени вашиот омилен миди фустан.

Карираниот блејзер во светли бои комбиниран со фармерки и патики изгледа доста кул.

Комбинирајте карирана кошула со тесни црни фармерки.