Камила ширела гласини дека Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон

Камила ширела гласини дека Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон

пред 4 години

Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила прва почнала да шири гласини во јавноста дека принцот Вилијам ја изневерил неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Седумдесет и тригодишната војвотка од Корнвел, почнала да ги шири гласините за да и наштети на Кејт, која ја гледа како соперничка во превземањето на круната од британската кралица Елизабета Втора.

Според пишувањата на In Touch Weekle, таа правела сè што е во нејзина моќ да го спречи сценариото во кое Кејт ќе и го одземе местото на кралица.

Поради тоа, Камила почнала да шири гласини, дека принцот Вилијам ја изневерил Кејт со Роус Ханбери. Камила сакала да го разниша бракот на Вилијам и да ја наруши нивната слика во јавноста и да покаже дека омилената кралска двојка не е достојна да седне на престолот.

Извори од палатата говорат дека таа не успеала во тоа, затоа што Вилијам и Кејт се посреќни од кога било претходно. Двајцата наскоро ќе прослават десетгодишнина од бракот. Откако Кејт и Вилијам откриле кој стои зад гласините, тие влегле во жестока расправија со неа и Чарлс.

Како што пренесуваат таблоидите, Камила ги демантирала ваквите обвинувања, но Кејт не ѝ поверувала. Иако Мидлтон делува како срамежлива личност, таа наводно веќе подготвила пеколен план, како да ѝ се одмазди на нејзината свекрва.