Откако Каролина ја објави нејзината нова поп- песна по 12 години пауза не стивнуваат реакциите. “Од небо до дно“ е песна за која таа првпат се јавува како автор на музиката, па беше причина плус да се погледне видеото. И Слободанка Тренчева-Боте, долгогодишна промотерка во рамки на електронската/ клупската сцена не остана без позитивен коментар за Каролина.
“Најавувајќи го последниот свој концерт, на АРМ, Каролина најави и почеток на нова музичка ера. Модерно, но не извикано. Брзо и динамично, но со истата вокална зрелост и чистина. Ако не се лажам, Каролина за прв пат се јавува како автор на музика. И не биле случајни кратките видеа со кои нѐ „частеше“ на Инстаграм изминатиов период додека пее и свири на клавир. И знам дека наскоро ќе ја видиме и како текстописец и повторно „ќе не тресне од земја“. Затоа што таа ништо никогаш не прави на сила туку постепено и во различни временски интервали. Тоа е приземност, зрелост и квалитет. Тоа е ѕвезда“, вели Боте и додава : Денес и вчера многумина пишаа Welcome back Керол, јас ќе речам „продужи даље“ затоа што од секој стил направи уметност, со истиот квалитет и достоинственост. Старата ера ни донесе песни за душа, кои вечно ќе останат дел од македонското музичко богатство. А, новата? Ова е само почеток“, вели Боте