Две лица кои биле затрупани во лавина во Швајцарија, биле спасени благодарение на нивните кучиња. Нивните миленици со лаење го привлекле вниманието на други планинари кои стигнале на местото каде биле затрупани двајцата планинари.
Лавината ги затрупала додека шетале на југозападот на Швајцарија во долината Аверс, во близина на италијанската граница, во саботата попладнето.
„Нивните кучиња успеале да се спасат од лавината. Со нивното лаење тие успеаа потоа и да ги спасат сотапните. Групата луѓе тргнала кон истата долина, но не забележала лавина“, навеле во соопштението од амбулантната служба Рега.
По 15 до 20 минути по упорно лаење, групата планинари веќе била на местото на несреќата и успеале да извлечат еден од планинарите. Другито бил целосно затрупан. Двете лица се здобиле со полесни повреди и блага хипотермија, па со хеликоптер биле пренесени до болницата, пишува „Гардијан“.