Медицинските сестри од Општата болница во Задар на социјалните мрежи објавиле фотографии на кои пијат алкохол во работно време. На ова реагираше претседателот Задарската полиција, Јуре Зубчиќ,и објави соопштение за медиумите во кое побара оставка од главната медицинска сестра и директорот на Општата болница во Задар. Како што тврди тој, медицинските сестри на социјалните мрежи објавиле фотографии на кои пијат алкохол во работно време.
“Ова е само капка во чашата, а одговорноста ја имаат директорката и главната сестра . Очекуваме да поднесат оставка по овој инцидент, што е доказ за целосен неред во задарската болница“, напиша Зубчиќ на својот Фејсбук профил и додаде дека го прикрил идентитетот на медицинските сестри, но дека на болницата ќе и достави целосни слики за понатамошно постапување, пренесува Дневник.хр.