Американската стриминг платформа „Нетфликс“ ќе снима филм за Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Воениот командант на филмското платно ќе го игра неговиот син.
Сценариото за овој блокбастер, како што стои во објавата, ќе биде засновано врз мотивите од книгата „Беше еднаш во Белград“ од Александар Мандиќ. Неговиот татко Миленко Мандиќ – Манда беше убиен заедно со Аркан во 2000 година во хотелот Интерконтинентал.
Во филмот ликот на Аркан ќе го игра неговиот син Војин Ражнатовиќ, кој го има од првиот брак .
„Тој веќе се стрена со продуцентите на ‘Нетфликс’ од Америка и се согласи за сè во врска со филмот. Само чекаме да помине пандемијата, за да може да продолжиме, да потпишеме договор и да започнеме со снимање. Мојата книга опишува само мал дел од она што се случи, луѓето допрва ќе дознаат многу брутални работи за мене и семејството Ражнатовиќ. Војин и јас се согласивме да испорачаме сè што ќе заработиме од филмот во хуманитарни цели“ , открива Александар Мандиќ.
„Луѓето од Нетфликс ни предложија Војин да го игра Аркан, а јас татко ми Манда. Не можам да ви откријам многу за филмот, само ќе кажам дека тоа е вистинска мафијашка приказна, која ќе биде многу интересна за гледачите. Војин и јас ќе бидеме облечени како и нашите покојни татковци и ќе се обидеме да им ги симнеме сите движења“, додаде тој.
Филмот за Аркан ќе се снима во Белград и во Америка, а подоцна се планира да се направи и мини серија.