Компанијата „Дизни“ најави дека новото продолжени на „Кралот лав“ ќе излезе во 2024 година. „Муфаса: Кралот лав“ (Mufasa: The Lion King), е претпродолжение на филмот од 1994. и на неговата преработка, играниот филм од 2019 година.
Според „Реп“, и режисерот оскаровец Бери Џенкинс се спомнува како соработник, како и сценаристот Џеф Нејтансон.
Во актерската екипа засега се најавени Арон Пирс, Сет Роген, Келвин Харисон Помладиот, Били Ајшнер и Џон Кани.
Приказната го следи животот на таткото на лавот Симба – главниот лик од оригиналниот цртан филм. Филмот е во претпродукција, а ќе се снима во Јужна Африка.