Нов имиџ и по некоја нова фризура за во „Преспав“: Почнува новата сезона на МРТВ

пред 3 години

Шестата сезона од хит-серијата „Преспав“ ќе почне да се прикажува на 20. декемврим секој работен ден, од понеделник до петок на МРТВ 1 со почеток од 20.15 часот, објавија продуцентите на серијата.

Тие претходно ги преставија актерите во новата сезона со штосни фризури и поинакви стајлинзи. Па така Талат ќе има нова униформа, а братучетките Јелена и Натали ќе се појават со слични фризури.

Новата сезона ќе содржи 20 епизоди.

Пред почетокот на снимањето на шестата сезона, од ОХО продукција и МТВ соопштија дека пожарот наместо да го пеплоса „Преспав“, ќе донесе многу хумор и изненадувања со актерите.

Преспав не што е најгледана домашна серија кај нас, туку таа ја освои и бугарската публика. Продуцентот на ОХО Продукција, Пеце Талески, откри дека и таму е една од најгледаните серии.

„’Преспав’ е меѓу најгледаните серии во Бугарија. На приказната работат македонски сценаристи и двајца одлични пишувачи од Бугарија, кои се реномирани и во европски рамки, а од оваа сезона ќе ни се приклучат и двајца сценаристи од Србија“, рече Талески во разговорот за „Утрински брифинг“ и додаде дека сценариото за новата сезона е најдобро до сега.

„Преспав“ ја освои Бугарија и е меѓу најгледаните серии таму, откри продуцентот Пеце Талески