Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ уживаат на одмор на Малдивите. На социјалните мрежи споделуваат фотки од песочните плажи и зајдисонцето.
„Го имам најдобриот фотограф“, напиша Малиќ на една од фотографиите.
Додека пак актерот ја покажа тетоважата на неговата десна рака.
Тие неодамна на нивните профили на социјалните мрежи споделуваа фотографии од летувањето на Бали. Тоа им беше прв заеднички одмор на парот.