Откако го продаде Челзи, Роман Абрамовиќ купи нов клуб

Откако го продаде Челзи, Роман Абрамовиќ купи нов клуб

пред 3 години

Откако го продаде Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамовиќ купи нов клуб. Абрамовиќ поради врските кои ги имаше со Владимир Путин и санкциите кои ги воведе ЕУ, беше приморан да го продаде премиерлигашкиот клуб, а сега како што пренесуваат турските медиуми наскоро треба да биде претставен како нов сопственик на тимот Гезтепе.

Наводно во наредните 48 часа Абрамовиќ треба да биде претставен како нов мнозински соственик на турскиот клуб, кој се бори за опстанок. Турција е една од земјите кои не му воведе санкции на Абрамовиќ и му дозволи да ја закотви неговата јахта

Турскиот новинар Рагип Сојлу пренесе дека официјалната потврда за превземање на клубот треба да биде соопштена во петок. Се шпекулираше дека Абрамовиќ сака да инвестира и во рускиот клуб ЦСКА Москва.

За потсетување, Абрамовиќ претходно учествуваше во преговорите меѓу Русија и Украина во Турција.

 


Ќе ви се допадне