Популарната пејачка Сека Алексиќ доби на подарок пиштол за годишнината од бракот од сопругот Вељко Пиљикиќ. Таа открива дека неодамна добила дозвола за поседување на пиштол и дека тоа било нејзина желба, да знае да пука и да оди на стрелиште.
„За годишнината од бракот Вељко ми подари пиштол. Го прашав: „Дали си свесен што направи?“ Тој се насмеа, а јас му реков дека мора понекогаш да се користи, ако дојде до таква ситуација: „Ти си крив, си го купил“, изјавила пејачката.
Неодамна пејачката на социјалните мрежи се пофали со кокошарник во кој чува десет кокошки и два петли во дворот од куќата во Стара Пазова, кој го доби на подарок од сопругот.
Да потсетиме, Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ на 12 септември 2009 година се венчаа во луксузен ресторан во Белград. На тој ден пејачката облече дури шест венчаници, за што се зборува и денес.