Пионерскиот тим на „Алкалоид“ победи на меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција.
„Алкалоид“ во финалето беше подобар од шпанскиот клуб „Хихон“ со 27:26. Македонскиот клуб на овој турнир одигра седум натпревари и победи на сите средби.
Сениорската екипа на „Алкалоид“, пак, викендов го освои второто место на турнирот „Трофеј Нови Београд“, откако во филалето загубо од домаќинот „Партизан“. На овој турнир учествуваа и „Динамо Панчево“ и израелскиот клуб „Ашдод“.