Полуголи вежбале јога во вежбална во Скопје по 23 часот

Полуголи вежбале јога во вежбална во Скопје по 23 часот

пред 4 години

Во скопско јога студио полуголи вежбале јога по 23 часот, па пазарните инспектори ги избракле вежбачите и ја затвориле вежбалната.

„На одделно место во Скопје, се тренирало јога, полуголи во 23 часот. Внатре имало преку 20-25 луѓе. Забрането е групирање на повеќе од четири лица, сите тие треба да работат до 21 часот. Тие претходно биле трипати опоменати. Предупредувани се, знаеме дека во вакви ситуации е тешко да плаќаш 500 евра, а не, од 3.000 до 30.000 евра. Меѓутоа, тоа е“, вели Пауновски  пренесе А1он.мк .

Затворени се два угостителски објектине кои не ја почитувале забраната за работа по 21 часот, а еден угостителски објект си ја скинал пломбата и почнал да работи, без да се регистрираа. Затворени се „ Станица 26“ и “Мош“, поради непочитување на мерките и работа по 21 часот.