Првпат во историјата на фудбалот судија покажа бел картон и тоа на женскиот натпревар Бенфика – Спортинг Лисабон. Според новите правила, во фудбалот од неодамна постои бел картон, а се покажува за добар спортски дух.
Судијата го извади белиот картон откако една од фудбалерките се пожали дека се чувствува лошо, па медицинскиот персонал од двете екипи излезе на терен за да ѝ помогне. Откако ѝ ја дадоа неопходната помош, а натпреварот продолжи, судијата со бел картон ги пофали двете екипи за фер-плеј. Оваа пофалба од судијата беше дополнета со аплауз од од публиката на стадионот Естадио да Луж.
Натпреварот заврши 3:0 со победа на Бенфика.