Принцот Филип примен во болница затоа што не се чувствувал добро

пред 4 години

Сопругот на британската кралица Елизабета, 99-годишниот принц Филип, бил примен во болница во Лондон, затоа што не се чувствувал добро, соопштиле од Бакингамската палата.

Војводата од Единбург бил донесен со автомобил во болницата, каде што лекарите одлучиле да го задржат. Извори од кралското семејство велат дека тој не се чувствувал добро веќе некое време, но дека неговата состојба не е поврзана со коронавирусот.

„Принцот е во болница, но во добро расположение. Се очекува да остане неколку дена“, изјавиле од палатата.

 За потсетување, принцот Филип и неговата сопруга кралицата Елизабета, минатиот месец ја примија вакцината против ковид 19.

Принцот Филип во јуни треба да го прослави 100. роденден.