Роботот Софија, креација на Хансон Роботикс, кој може да зборува, да се шегува, да пее, да препознава луѓе, па дури и да создава уметнички дела, предизвика пресврт во светот на уметноста кога дигиталното дело што го создаде го продаде на аукција за неверојатни 688.888 американски долари, но во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).
Станува збор за дигитално дело што Софија го создаде по соработката со италијанскиот сликар Андреа Бонацет. Делото е, всушност, дигитален видео клип кој трае 12 секунди и покажува како портретот на Бонацет еволуира во дигиталната слика на Софија.
Како што е најавено, Софија ќе продолжи со уметноста, а следниот чекор во кариерата би можела да го направи во светот на музиката. Таа веќе работи на создавање на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари на пишување музика и текстови.
Дејвид Хансон, извршниот директор на компанијата со седиште во Хонг Конг и креатор на роботот Софија верува дека роботите со реалистичен изглед можат да се поврзат со луѓето и да помагаат во општествените сектори како што се здравството и образованието.
<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/m-5c-HFFtz8″ title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>