Русите испалиле проектил во вселената и ги загрозиле астронаутите во Меѓународната станица

Русите испалиле проектил во вселената и ги загрозиле астронаутите во Меѓународната станица

пред 3 години

Русите испалиле проектил во вселената и ги загрозиле астронаутите во Меѓународната станица, пишуваат светските медиуми. Станувало збор за проба на вселенско ракетно оружје, со кое Русите сакале да уништат нивен стар сателит од советската ера Целина-Д.

Тие ја потврдија ситуацијата и рекоа дека остатоците не претставуавле закана по Меѓународната станица. Медиумите пренесоа дека остатоците на рускиот сателит во наредните години би можеле да го загрозат животот на астронаутите во Меѓународната вселенска станица.

„Перспективниот противсателитски систем погоди стар сателит. и тоа беше успешен тест“, рече министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Седумчлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица ИСС, е составен од еден германски, четири американски и двајца руски астронаути. На нив им било наредено да се тргнат на страна во капсулите во вселенските бродови, два часа по тестот кој бил направен во понеделникот.

Наредбата стигнала како мерка за претпазливост, овозможувајќи и ако е потребно брзо бегство, рекоа од НАСА. Истражувачката лабораторија кружела околу 402 километри над Земјата и продолжила да минува низ и во близина на отпадоците од рускиот сателит на секои 90 минути.

Од Руското Министерство за одбрана ги нарекоа обвинувањата на Вашингтон дека Русија ја загрозила безбедноста на станицата, како лицемерни и истакнаа дека на овој начин САД го блокираат договорот за распоредување на оружјето во вселената.