Лидерот на Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смеат, да пијат алкохол и да купуваат намирници за време на одбележувањето на 10 годишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил. Во наредните 11 дена сите ќе мора да се воздржат од пиење и пазарење.
Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница рече дека за време на периодот на жалост, на луѓето не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности. Тој појасни дека многу активности се забранети, особено на самиот ден на годишнината, кога е забрането дури и купување намирници.
„Во минатото, многу луѓе кои беа фатени пијани за време на периодот на жалост и беа уапсени и третирани како идеолошки криминалци. Тие беа однесени и никогаш повеќе не се видени. Дури и ако член на вашето семејство умре во периодот на жалост, не смеете да плачете. Луѓето не можат ни да ги прослават своите родендени за времето на жалост“, рече тој.
Друг жител на западната провинција Јужен Хвангхае, рече дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето кои не сакаат да тагуваат. Тие имаат посебна должност да се справат со оние кои го нарушуваат расположението на колективната тага.
„Тоа е посебна должност на полицијата која трае еден месец. Слушнав дека службениците на редот воопшто не можат да спијат“, рече тој.
Вообичаено во земјата за вакви настани се одржува 10 дневна жалост, но оваа година тој период е продолжен за 24 часа по повод десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер.
За потсетување Ким Џонг-ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.