Секогаш ќе ја сакам Џенифер, таа е неверојатна жена, Сталоне проговори за разводот со сопругата

Секогаш ќе ја сакам Џенифер, таа е неверојатна жена, Сталоне проговори за разводот со сопругата

пред 2 години

Иако веќе подолго време се шпекулираше за проблемите со бракот, помеѓу актерот Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин, нивната одлука стана и официјална. Дејли мејл објави дека сопругата на Сталоне поднела барање за развод во округот Палм Бич, Флорида.

dobivaj vesti na viber

Актерот и поранешната манекенка решија да се разведат по 25 години брак. Иако веќе подолго време се шпекулира за проблеми во нивната врска, актерот негираше дека разводот е предизвикан од тетоважата.

“Не раскинавме од толку тривијална причина. Едноставно се тргнаа во различни насоки. Имам голема почит кон Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најмилата личност што некогаш сум ја познавал“, рече Сталоне.

Тој, исто така, се спротивстави на барањето на неговата сопруга да има ексклузивна употреба на нивниот дом во Палм Бич.