Скршената гитара на Ноел Галагер е продадена за 300.000 евра

Скршената гитара на Ноел Галагер е продадена за 300.000 евра

пред 3 години

Црвената електрична гитара Гибсон што ја користеше Ноел Галагер од „Оазис“, а којашто неговиот брат и пејач на бендот, Лијам Галагер ја искрши 2009 година, вечерта кога бендот се распадна, е продадена на аукција во Париз за 300.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Медиумите пишуваа дека Лијам во бес ја скршил гитарата на брат му, на фестивал во Париз, непосредно пред групата да се качи на сцената. Музичките стручњаци и аукциската куќа велат дека ова е еден од култните мигови во историјата на рок-музиката.

Подоцна инструментот бил поправен од француски производител на виолини и гитари.

Гитарата е продадена со белашка од Ноел на која пишува: „Оваа ‘Гибсонка 355’, сериски број А34884 од 1960 година, е гитарата што Лијам Галагер ја скрши во Париз во 2009 година, ноќта на распадот на ‘Оазис’. Тоа беше мојата омилена гитара на која составив многу песни“.

Рок-бендот „Оазис“ е основан во Манчестер 1991 година, а во својата кариера ги снимија хитовите Don’t Look Back In Anger и Wonderwall. Групата се распадна поради кавгите на браќата Галагер, а меѓусебната нетрпеливост кулминира на фестивалот „Рок ен Сена во Париз“, по што Ноел ја напушти групата.