Новинарката Цеце Николова која од дете се бори со алопеција лани првпат ја тргна периката и конечно реши без неа да излезе од дома и да се појави во јавноста. Оттогаш до денес Цеце, сега веќе слободна и без никаков комплекс, секаде оди без периката, која со години беше неизоставен дел од нејзиниот живот, но и нејзина најголема борба.
„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив.
Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна.
После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава цел живот. Видов многу пострашни работи.Пред животот да ви помине во измачување, гушење, криење и лаги – погледнете се во огледало, ѕирнете си во душата, изговорете гласно сѐ од што се плашите и учете од сопствените стравови.П.С. После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора“, вели Цеце Николова.
Таа лани летото беше во студиото на Репортер и со многу емоции ни ги откри сите тешки мигови низ кој поминала, од тешкото детство, со мигот кога дознала за болеста , низ се што минала за конечно да се прифати себе си и да среќна и со алопецијата<
А.Георгиев<