Британската пејачка Дуа Липа (26) со балканско потекло, го искористи слободното време да се сонча на монденската плажа на Мајами во Флорида, еден ден пред почетокот на својата светска турнеја.
За тоа време, пејачката уживаше во бестселерот на авторот Калед Хосеини од 2007 година, „Илјада прекрасни сонца“. А подоцна ѝ се придружи уште една пријателка.
Плетеното бикини го надополни со торба инспирирана од јапонската магнга.
За потсетување, Дуа ја започна нејзината турнеја Future Nostalgia. Таа ќе содржи вкупно 82 концерти на четири краеви, а нејзиното последно шоу се очекува да се одржи во RAC Арената во Перт на 16 ноември.