Дејвид Бекам го прослави 47. роденден во друштво на сопругата, која јавно му го честиташе роденденот.
„Те сакам толку многу, ти си најневеројатниот сопруг што некој може да го посака и јас се чувствувам навистина благословена. Ти си моето сè. Те сакам толку многу. Среќен роденден“, напиша Викторија Бекам на нејзиниот Инстаграм.
Поранешната пејачката на „Спајс грлс“ објави колаж фотографии се таа и Дејвид и нивните три деца, синовите Бруклин (23), Ромео (19), Круз (17), како и 10-годишната ќерка Харпер Севен.