Уште двајца Македонци ќе може да судат на Светско, потврди Меѓународната ракометна федерација

Уште двајца Македонци ќе може да судат на Светско, потврди Меѓународната ракометна федерација

пред 2 години






По Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Даниело Божиновски и Виктор Начевски се втората судиска двојка од Македонија кои ќе можат да судат на Светски првенства во ракомет во сите категории.

Иако веќе имаа обезбедено IHF значка, потврдата стигна денес од Меѓународната ракометна федерација (IHF), која објави листа на сите судиски двојки кои можат да судат на Светско.

Божиновски и Начевски од сезонава ќе можат да конкурираат за натпреварите во сите конкуренции и категории, како и за сите други настани кои ги организира Светската ракометна федерација.





Share
Scroll to Top