Горан Пандев денеска го прослави 39 роденден, а од италијанската фудбалска лига му честитаа на официјалниот профил на „Фејсбук“. Му објавија фотографија во дресот на Интер.
Пандев покрај Интер, во Италија играше и за клубовите Специа, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова. За потсетување, во 2010 година ги оствари најголемите успеси во кариерата.
Со Интер освои четири шампионски титули. Ги освои пехарите во Италијанското првенство „Серија А“ и Купот на Италија. Го крена и пехарот во Лига на шампиони и од Светското клупско првенство.