Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денеска ја прославуваат 10-годишнината од нивниот брак. Тие на Инстаграм објавија две заеднички фотографии .
Фотографиите ги направил познатиот фотограф Крис Флојд во дворот на лондонската резиденција.
Кејт Мидлтон од почетокот на врската со принцот Вилијам, па и подоцна во текот на нивниот брак, постојано привлекува внимание со нејзините модни комбинации и со текот на времето стана модна икона и симбол за елеганција.
Кејт за фотографиите носи романтичниот фустан со нежно-сина боја, со потпис од брендот „Ghost“, а ваков ист фустан таа носела и за време на посетата на Пакистан.