Сезоната на плажа и костими за капење започна. Според многумина, костим за капење и очила за сонце се се што е потребно.
Сепак, постојат различни детали кои ќе го зачинат вашиот изглед, а ќе направат да изгледате како вистинска кралица на стилот.
Судејќи по фотографиите кои ги додаде на својот Инстаграм профил, Северина е една од најголемите кралици кога станува збор за стајлингот на плажа.
Корисни совети од хрватската пејачка како да изгледате тренди на плажа.
Шешир
Тој е на врвот на оваа листа со причина. Шапката е неизбежен моден детал во текот на летото, особено на плажа. Покрај тоа што ќе направи да изгледате грациозно, ќе ве заштити и од сонцето.
Марама
Скоро секоја девојка го има ова во својот плакар. Изберете го вашиот фаворит и врзете го околу вашата глава, исто како што направи Северина. Ќе изгледате многу смело и урбано. Марамата може да послужи и како одличен трик доколку сте во оние денови кога вашата коса изгледа несовршено.Можете да го врзете и околу раката, слободно разгорете ја фантазијата.
Наметка
Наметката одлично ќе ве послужи доколку сакате да одите на плажа на пијачка или ручек. Нема потреба да се пресоблекувате и да барате фустан за носење. Едноставно земете наметка и чувствувајте се опуштено.
Реси
Ова лето задолжителни се ресите. Изберете го омиленото парче облека со реси и бидете во тренд.